Што е трговски капитал?

98

Трговски капитал е осамостоен дел на индустрискиот капитал што постојано е врзан во областа на прометот, што врши функција на реализација на стоките, односно претворање на стоките во пари. Пред капитализмот (во робовладелството и феудализмот) трговскиот капитал бил самостоен капитал.

Во процесот на кружното движење, самата економска нужда доведува до осамостојување на стоковната форма на индустрискиот капитал во трговски. Трговскиот капитал дава низа економски предности во вршењето на прометната функција, во споредба со тоа ако таа функција би ja вршел индустрискиот капитал. Капиталот се вложува во трговијата со цел да ce добие профит наречен трговски профит.

Поради вршење на прометната функција, сразмерен дел од вкупниот општествен капитал ce издвојува во форма на трговски капитал. Индустриските претпријатија своите стоки им ги продаваат на трговските претпријатија, a тие преку својата трговска мрежа вршат конечна реализација на стоките.

На овој начин од производството стоките ce префрлуваат во прометот, во трговијата, a преку неа влегуваат во сферата на потрошувачката и таму ce губат. Големината на вкупниот општествен трговски капитал зависи од големината на вредноста на вкупниот (бруто) општествен производ и од брзината на обртот на трговскиот капитал.

Фото: Pexels