Што е употребна вредност на стан?

434

Употребна вредност претставува вредност што специфичен имот ја има за одредена употреба. Таа се фокусира на вредноста на имотот што придонесува кон целината, без оглед на највисоката и најдобрата употреба или во паричен износ кој би можел да се реализира по неговата продажба.

Некои истражувања покажуваат дека дури 60% од луѓето кои купиле стан не биле задоволни од неговиот квалитет. Па затоа, при купување на недвижен имот обрнее внимание на употребната вредност што ја има тој простор. Таа го одразува нивото на квалитет во поглед и на организација и димензии на просторот. Постојат одредени параметри со коишто може да се измери дали просторот е рационален и соодветно искористен.

Српскиот портал Градња пишува дека тоа што некој стан има висока пазарна вредност не значи дека има и висока употребна вредност.

Локацијата, површината и структурата на станот се важни, но не единствени предуслови што треба да ги исполни еден стан. Вообичаено е корисниците да ги согледаат недостатоците на станот, не веднаш, туку дури по неколку месеци престој.

Употребната вреднос на станот се анализираат: висината и ширината на просториите, кружната комуникација во просторот, одвојување на сервисните и станбените содржини, флексибилност, паркинг, отворени површини, како тераси и слично.

Фото: Pexels