Овие три светски земји се најголеми извозници на контактни леќи.
Ирска се наоѓа на врвот на листата со заработени 1,39 милијарди долари од извоз. Зад неа е Велика Британија со заработени 977 милиони долари, додека трети се САД со инкасирани 876 милиони долари.
На четврто место е Германија со заработка од 706 милиони долари, а петта е Малезија којашто од извоз на овој производ има заработено 440 милиони долари.
Земји што најмногу го увезуваат овој производ се Јапонија со потрошени 1,26 милијарди долари, САД со 929 милиони долари, Велика Британија со потрошени 490 милиони долари за увоз, Германија со 440 милиони долари и Сингапур со вложени 339 милиони долари во увоз на контактни леќи.
Македонија за увоз на контактни леќи одвоила 516.000 долари, а најмногу увезува од Велика Британија, Ирска и БиХ.
Фото: Pexels