Што ги прави среќни светските бизнис лидери?

26

sreka

Фото: Pixabay

Дали првите луѓе во светот на бизнисот се среќни? Дали богатството ја дефинира нивната среќа? Еве што велат тие:

Марк Цукерберг

“За мене, среќа е да правиш нешто значајно што ќе им помогне на луѓето. Мислам дека многумина ги мешаат среќата и забавата. Не верувам дека секој ден може да биде забавен, но верувам дека е можно секој ден да правиш нешто значајно што ќе им помага на луѓето. Како што растев, научив да ги ценам блиските релации со сопругата, партнерите на работа, блиските пријатели. Тој однос не се гради сам од себе. Долгорочните релации се многу важни.”

Ричард Брансон

“Знам дека сум среќен што живеам прекрасен живот и многу луѓе претпоставуваат дека мојот успех во бизнисот и богатството што доаѓа со тоа, ме прават среќен. Но, не е така. Всушност, обратно е. Успешен сум и богат затоа што сум среќен.

Многумина прават работи за кои мислат дека ќе ги направат среќни, но според мене, тоа е погрешно. Среќата не е во тоа што го правиш, туку во тоа да се биде. За да бидеш среќен, треба свесно да размислуваш така. Не ја заборавајте to-do листата, но напишете и to-be листа.”

Бил Гејтс

“Парите се контрапродуктивни – ѝ пречат на среќата. Долго време верував дека богатството и луксузот автоматски значат дека ќе бидам посреќен. Доаѓам од многу сиромашно семејство, каде што важеше правилото работи повеќе, за да заработиш повеќе (материјално), и го применував многу долго време. Си говорев ‘Престани и почни да живееш’. Имав чувство дека работам како роб за работи што не ги сакав или не ми требаа. Имам чувство дека многумина ја прават истата работа.”