Што го отежнува закрепнувањето на француската автомобилска индустрија?

105

Глобалниот недостиг на чипови и новото ширење на пандемијата ги намалиле изгледите за силно економско закрепнување на францускиот пазар на автомобили, предупредуваат здруженијата на производители на автомобили.

Француското здружение очекуваше раст на продажбата на автомобили во распон од девет до 10%, но сега очекувањата се намалени.

“Проценуваме дека оваа година тешко ќе се достигне бројката од 1,8 милиони продадени возила“, велат оттаму.

Минатата година бројот на регистрација на автомобили во Франција се намали на 1,65 милиони, во однос на 2,21 милион во 2019 година, откако пандемијата го запре производството на нови автомобили.

Фото: Pexels