Што им е заедничко на Чиле, Перу и Австралија?

63

Извозот на бакар минатата година достигна вредност од 57,9 милијарди долари, што е 8,4% помалку во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Над половина (56,8%) од светскиот извоз на бакар доаѓа од земји од Латинска Америка, Азија учествува со 15,4% во извозот, додека на Европа отпаѓаат само 4,3%.

Во светот, најголем извозник на бакарна руда е Чиле со удел од 31% и заработка од 18 милијарди долари. Меѓу најголемите извозници на бакарна руда во светот се и: Перу (11,9 милијарди долари), Австралија (4,3 милијарди долари), Канада (2,8 милијарди долари), САД (2,34 милијарди долари), Бразил (2,25 милијарди долари), Мексико (2,1 милијарда долари), Монголија (1,8 милијарди долари), Шпанија (1,5 милијарди долари) и Индонезија (1,4 милијарди долари).

Фото: Pexels