Што им е заедничко на Индија, САД и Хонг Конг?

38

Индија, САД и Хонг Конг се трите најголеми извозници на дијаманти во светот. Лидерот на листата – Индија минатата година инкасираше 25,6 милијарди долари од извоз на дијаманти. На второ место се најдоа САД со извоз од 20 милијарди долари, додека Хонг Конг е на трето место со извоз вреден 16 милијарди долари.

Меѓу 10-те земји најголеми извозници на дијаманти во светот се и: Белгија (14,9 милијарди долари), Израел (14,3 милијарди долари), Обединети Арапски Емирати (13 милијарди долари), Боцвана (5,9 милијарди долари), Русија (пет милијарди долари), Канада (2,3 милијарди долари) и Јужна Африка (две милијарди долари).

Од земјите во регионот, 55-та е Грција со извоз на дијаманти од 2,8 милиони долари, Хрватска е на 64-та позиција со извоз од 872.000 долари, додека Србија е 75-та со извоз во висина од 328.000 долари. Словенија се најде на последното 106-то место до извоз од симболични 1.000 долари.

Фото: Pixabay