Што има најголем удел во извозот на Финска?

40

Финска минатата година извезе производи во вредност од 66,1 милијарди долари, што претставува а 9,3% помалку во однос на 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 64,5% од извозот на Финска беше насочен кон: Германија (13,3%), Шведска (9,6%), САД (8,3%), Холандија (6,4%), Кина (5,1%), Русија (5%), Велика Британија (3,5%)…

Финска има 5,5 милиони жители, па по глава жител извозот достигна вредност од 11.900 долари во 2020 година.

Најголем удел од 14,7% во вкупниот има извозот на компјутери, што на земјата ѝ донесе 9,7 милијарди долари. Потоа следат: хартија и производи од хартија (7,3 милијарди долари), електрична опрема (5,6 милијарди долари), возила (пет милијарди долари), минерални горива (4,9 милијарди долари)…

Фото: Pexels