Што ја “подгреа“ цената на нафтата?

67

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари на околу 48 долари, поради очекувањето дека водечките производители ќе го продолжат договорот за ограничена испорака на нафта, а вакцината влева надеж за зголемување на побарувачката за гориво.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта порасна за 34 центи, на 47,76 долари. Во скоро ист износ била во плус и на американскиот пазар, каде што барел се тргувал за 44,94 долари.

ОПЕК+ во овој момент го намалува производството за 7,7 милиони барели дневно за да се прилагоди на намалената побарувачка за гориво во услови на пандемија, а од почетокот на следната година треба да биде намалена на 5,7 милиони барели дневно.

Фото: Freepik