Што ја турна Велика Британија во рецесија?

91

Велика Британија влезе во најдлабоката рецесија откако се водат официјални податоци.

Тамошниот завод за национална статистика соопшти дека бруто домашниот производ (БДП) во второто тримесечје е намален за 20.4% во споредба со претходните три месеци, што е најголем квартален пад за првпат по 1955 година, пишува Гардијан.

По падот од 2,2% во првиот квартал, бројките покажуваат дека британската економија е во рецесија по ширење на пандемијата во март, а властите воведоа карантин за да се спречи нејзино ширење.

Со два последователни пада на економската активност, Велика Британија и официјално е во рецесија по 11 години, поради воведените рестриктивни мерки во борба против коронавирусот.

Фото: Pixabay