Што ќе биде со богатството по разводот на Гејтс

94

Милијардерот и филантроп Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда објавија дека се разведуваат по 27 години брак.

“Повеќе не веруваме дека можеме да се развиваме како пар во следната фаза од животот“, напиша коосновачот на Microsoft на Тwitter.

Во 2000 година, двојката ја основа непрофитната фондација Бил и Мелинда Гејтс, која вклучува копретседатели и доверители.

Бил и Мелинда Гејтс се запознаа во Њујорк во 1987 година, кога Мелинда започна да работи маркетинг за Мicrosoft. Двојката се венча на први јануари 1994 година на Хаваи, а Мелинда потоа се повлече од компанијата.

Со текот на годините, Бил и Мелинда станаа познати ширум светот не само како богат пар, туку и како луѓе кои се исклучително ангажирани во својата добротворна работа и инвестиции, пред се во хуманитарната фондација што ја основаа во 2000 година и ги носи нивните имиња. Се проценува дека до 2014 година, тие донирале повеќе од 28 милијарди долари на фондацијата, а таа сума расте со текот на годините.

Само минатата година, за време на пандемијата со корона, тие донираа 250 милиони во борбата против опасниот вирус.

Парот не ги соопшти деталите за разводот, ниту засега е познат пак финансискиот дел за којшто најмногу се интересира јавноста, имајќи предвид дека богатството на Бил Гејтс се проценува на повеќе од 130 милијарди долари.

Гејтс поседува 1,37% од акциите на Мicrosoft во вредност од над 26 милијарди долари. Двојката, заедно со Ворен Бафет, го создадоа Giving Pledge, што вклучува донирање на повеќе од половина од нивното богатство. Гејтс минатата година поднесе оставка од Управниот одбор на Мicrosoft. Почна повеќе време да поминува во непрофитната организација.

Оваа објава доаѓа две години откако Џеф Безос, извршниот директор на Аmazon, објави дека тој и неговата сопруга се развеле. Бил Гејтс и Џеф Безос се меѓу најбогатите луѓе во светот. Во моментов, според Forbes, Гејтс е четвртата најбогата личност во светот.

Фото: Facebook