Што кога ја сакате работата, но не го сакате шефот

23

business-2879465_960_720

Фото: Pixabay

Имате добра работа што отсекогаш сте ја сакале. Но, се појавува проблем, а тоа е вашиот шеф. Можеби е микро – менаџер, премногу емотивен, ве навредува или исчезнува кога работите ќе тргнат на лошо. Ваквите шефови не можат да го извлечат најдоброто од своите вработени. Тој само ја уништува вашата совршена работа. Ја сакате работата, но не го сакате шефот. Овие неколку совети ќе ви помогнат да пронајдете професионална рамнотежа помеѓу работата што ја сакате и шефот кој не ви е омилен.

Зошто не го сакате шефот

Првиот чекор за решавање на вашиот проблем е да идентификувате зошто не го сакате шефот. Дали е непредвидлив или упатува навреди кон своите вработени? Дали е микроменаџер и постојано се меша во вашата работа? Дознајте што ви смета кај шефот и одлучете дали е нешто што можете да го игнорирате или треба да преземете нешто.

Размислете за неговата перспектива

Размислете дали имате предрасуди кон него бидејќи ви е шеф. Размислете за причините за неговиот став. Дали имаат проблеми со довербата? Дали сте му дале причина да мисли дека сте недоверлива личност?

Размислете што може да преземете

Најлесно е да се откажете од работата, односно од вашиот шеф. Но, обидете се да разговарате со него и да објасните како негативно влијае врз вашата работа. Ако мислите дека разговорот нема да помогне, потрудете се да го игнорирате.

Потсетете се зошто ја сакате работата

Направете листа на сите работи зошто ја сакате работата. Откако ќе ја имате вашата листа, можете да продолжите со својата работа и да се радувате на фактот дека ја цените својата работа. Дали има смисла да го оставите сето тоа поради лошиот шеф?