Што кога ќе ви речат: “Тоа никогаш нема да успее“

148

Кога Марк Рандолф ја осмисли идејата за Netflix, првата реакција што ја добил од луѓето околу него, вклучувајќи ја и неговата сопруга, била дека никогаш нема да успее.

Коосновачот на Netflix, исто така, напиша книга за ова (That Will Never Work), во која се вели дека скоро секој претприемач имал искуство како него.

“Ќе смислите нешто, ќе побрзате да споделите со своите најблиски и скоро секогаш од нив се добива истиот одговор: Никогаш нема да успее“, вели Рандолф.

Откако основаше неколку успешни стартапи (Netflix беше седми), Рандолф советува што треба да кажат претприемачите чија идеја наидува на ваква реакција.

Никој не знае ништо“, е предлогот на овој успешен претприемач.

Верувајте во вашата идеја и обидете се

Според Рандолф, сознанието дека никој не знае ништо може да биде извор на охрабрување.

Мора да верувате дека вашата идеја е исправна и да бидете подготвени да излезете, да ја испробате и да ризикувате да не успее.Постојат лоши идеи. Но, не знаете дали идејата е лоша додека не ја испробате. Најдобриот чекор што некој може да го направи за да ги претвори своите соништа во реалност е едноставен. Треба само да се започне. Затоа, направете го тој чекор, изградете нешто, тестирајте, продадете. Одлучете сами дали вашата идеја е добра или не“, заклучува Рандолф.

Фото: Pixabay