Што кога работодавачите молчат по оглас за вработување

Скоро 77% од кандидатите кои се пријавуваат за работа преку конкурс не добиваат повратна информација од работодавачот. Овие резултати ги покажало истражување што повеќе од 10 години се спроведува во Србија.

“Тука ги прашуваме кандидатите, а не работодавачите како поминал процесот на селекција и регрутација од моментот кога ја поднеле пријавата до самиот крај и дали добиле повратна информација од исходот на конкурсот“, вели Милош Турински од Infostud.

Според него, тоа е алармантен податок, бидејќи во прашање е голем процент на работодавачи кои не даваат никаква повратна информација на кандидатите што аплицирале за отворените работни места.

Турински смета дека законот во Србија не може да ги обврзе и да влијае на работодавачите да дадат повратна информација, туку се работи за нивна култура и водење сметка за личен тренд како ќе се постави кон кандидатите.

“Ние имаме пример – сите кандидати кои одговориле дека не добиле повратна информација добија прашање дали повторно би конкурирале кај истиот работодавач, па 65% од нив рекле дека никогаш повеќе нема да конкурираат, а 70% не би го препорачале работодавачот на некој близок роднина или пријател“, додава тој.

Фото: Pexels