Што ли ќе прави Безос откако ќе се повлече од Amazon?

80

Повлекувајќи се од секојдневните работни обврски, Џеф Безос одлучи да ги следи стапките на другите бизнисмени кои привремено или трајно се повлекле од водење на бизнисот што им донел огромно богатство.

Бил Гејтс одлучил да ги излечи светот. Неговиот бизнис партнер, Пол Ален купувал спортски клубови, Тед Тарнер едрел, а Доналд Трамп стана политичар. Основачот на Amazon, најбогат во светот, планира да ја спасува планетата.

Педесет и седумгодишниот Безос е последниот во низата корпоративни моќници кои се дистанцираат од секојдневните обврски за да се посветат на други активности.

Тој планира да остане извршен претседател на Amazon, но поголемиот дел од времето ќе го помине на работи што му се вистинска пасија, а тоа е неговата вселенска компанија Blue Origin и фондацијата Earth, каде што минатата година донираше 10 милијарди долари, пренесува Пословни дневник.

Фото: Freepik