Што може да пренесете преку граница кога се враќате од летување?

452

Фото: Pixabay

Во ек сме на туристичката сезона, кога едно од прашањата што може да се наметнат е што смееме да спакуваме во куферите кога заминуваме и се враќаме од одмор.

Согласно законската регулатива во земјава, македонските и странските државјани се ослободени од плаќање на увозни давачки (царина, ДДВ и акциза) за овие производи:

  • Личен багаж (производи за лична употреба во текот на престојот),
  • Преработки од тутун: 200 цигари, 50 пури, 100 цигарилоси, 250 грама тутун за пушење или сразмерна количина на преработки од тутун,
  • Алкохол: жестоки пијалаци со над 22% алкохол – еден литар и алкохолни пијалаци под 22% алкохол два литри, како и два литри води
  • Парфеми – 50 милилитри
  • Тоалетна вода – 250 милилитри

Домашните патници, како што наведуваат од Царина, се ослободени од увозни давачки за увоз на стока од некомерцијална природа со вредност до 350 евра. во овие 350 евра ослободување не влегуваат алкохолните пијалаци, преработка од тутун, парфеми и тоалетна вода.

Резидентите во земјава можат слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра. Резидентите можат во Северна Македонија да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат. Резидентите можат при преминот на државната граница кај надлежните царински органи да пријават и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ помал од 10.000 евра.

Нерезидентите можат во земјава слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра. Нерезидентите можат да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат. Исто така, нерезидентите можат при преминот на државната граница кај надлежните царински органи да пријават и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ помал од 10.000 евра.