Што може да се купи со еден долар низ светот?

75

Ќе направиме мала прошетка низ светот со само еден долар во џебот. Ќе анализираме што сè може да се купи со само еден долар во различни делови од светот.

Ако се наоѓате во Франција, тогаш со еден долар ќе може да си купите локален леб и да уживате во неговиот вкус. Во Австрија, пак со истиот долар може да платите пченкарен леб, којшто се прави од квалитетни локални состојки.

За еден долар во Италија може да купите две шишиња вода или да се сликате со гладијаторите во римскиот Колосеум. Доколку ве носи патот до Данска, за еден долар ќе може да си дозволите еден литар млеко, чоколадо и земички чијабата. Во Обединетото Кралство со еден долар може да купите три јаболка, мала порција помфрит или мала лименка Coca Cola.

Норвешка важи за земја со висок стандард и уште повисоки цени, па нема голем избор околу тоа што може да се купи за само еден долар. За таа цел, може да се купат, на пример, три јаболка. Русија е земја што е позната по вотка, па ако во џебот ви остане еден долар, ќе може да купите околу половина литар од овој жесток пијалак.

Сега го напуштаме стариот континент и одиме во потрага по работи што може да се купат за еден долар во остатокот од светот. Па така, во Каиро, главниот град на Египет, за еден долар може да пробате локален специјалитет од ориз, житарки, тестенини и доматен сос. Доколку патувате во Индија, и таму може за еден долар да пробате различни вкусови од локалната кујна што изобилува со многу ориз, тестенини, житарки и егзотични зачини.

Во Австралија за еден долар може да си ја пробате среќата и да си купите грепка, па да освоите некаква награда. Ако патувате во Јужна Кореја, во тој случај со еден долар може да си купите билет за метро или автобус.

Добро размислете што сè би можеле да си купите со еден долар или 55 денари во нашата земја.

Фото: Pexels