Што може претприемачот да научи од токсични клиенти

138

Претприемништвото е начин на живот. Барем така велат повеќето луѓе кои започнале бизнис. Многумина сметаат дека кога ќе станеш претприемач, конечно нема да имаш шеф и самите ќе управувате со своето време. Но, тоа е далеку од вистина. Можно е вашиот шеф да стане ваш клиент. Проблемот е уште поголем ако вашите “шефови“ се токсични клиенти.

Малека Т. Холавеј е американски претприемач, говорник и писател. Нејзината цел е да ги научи претприемачите да се позиционираат за да развиваат одржлив бизнис и бренд. “Многу луѓе започнуваат бизнис затоа што сакаат да бидат свој шеф и имаат слобода да работат кога сакаат, како сакаат и со кого сакаат. Станав претприемач затоа што сакав да влијаам врз животот на другите користејќи ги моите уникатни вештини за комуникација. Можев да бидам вработен, но се решив на потежок пат“.

Преку нејзиното претприемничко патување, таа препознала токсични клиенти кои велат “јас сум шефот!“ Од тој момент, таа престанала да гледа на претприемништво преку розови очила. Секоја интеракција што ја имала со овие клиенти и предизвикувале грчеви во стомакот. “Се чувствував како да трошам енергија“, вели таа.

Токсични клиенти

Таа решила да стави крај на тој однос и научила три работи  кои треба да ги знае секој претприемач за да може подобро да работи.

Поставувањето на стандарди е неопходно

Секој клиент е различен и секој ќе има свои прашања. Но, важно е да се знае дека  ако не поставите граници, очекувања и стандарди однапред, клиентите можат лесно да ве „нокаутираат“. Затоа, секој пат кога ќе добиете нов клиент, договорот за тоа како работите е од суштинско значење. Нагласете однапред што е прифатливо, а што не е во деловно работење со вас. Ќе ве спаси од многу главоболки, а клиентите ќе ја ценат јасноста.

Не се сите клиенти идеални

Кога работата ќе се зголемува, лесно можете да изгубите чувство дали сте вработен или претприемач. Поради оваа причина, важно е да научите да препознаете дали некој одговара на вашата деловна култура. И запомнете: Колку и да се обидувате со некои луѓе, тоа едноставно нема да биде доволно и тоа е сосема во ред.

Карактерот е важен

Како претприемач, вие сте капетан на бродот. Мора да земете предвид дека секој што ќе го пуштите на вашиот брод ја влегува во вашата енергија и вашиот успех. Кога земате нови клиенти или барате повеќе работа, немојте само да ги земете предвид парите. Размислете за вредностите што ги претставувате. Разгледајте го вашиот интегритет. Размислете за вашиот мир. Размислете за околината што сакате да ја создадете за себе и за другите.

Фото: Pixabay