Што најмногу ги загрижува гувернерите на централните банки?

22

Инфлацијата најмногу ги загрижува гувернерите на централните банки, а стравуваат и од неуспех од сузбивање на пандемијата и нагло зголемување на јавниот долг, покажува анализата на швајцарската банка UBS.

Нешто повеќе од половина од испитаниците, околу 57%, сметаат дека инфлацијата и неконтролираниот раст на приносите од долгорочните државни обврзници се најголема закана за светската економија оваа година.

Вкупно 79% од анкетираните стравуваат од неуспехот во борба против пандемијата, а 71% се загрижени поради јавниот долг.

Половина од анкетираните гувернери проценуваат дека вирусот ќе биде сузбиен дури по 2022-ра година.

Во анкетата учествувале гувернери на скоро 30 централни банки, а е спроведена во април и јуни.

“Инфлацијата повторно се проби меѓу ризиците што најмногу ги загрижуваат гувернерите на централните банки“ констатира Масимилијано Кастели, прв човек на одделот на UBS за советување и пазари на државни обврзници.

Над две третини од испитаниците проценуваат дека американската централна банка ќе ја зголеми номиналната каматна стапка во 2023-та година, а 30% предвидуваат дека тоа би можела да го направи и следната година.

Фото: Pexels