Што најмногу го ограничува производството во земјава?

45

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21,3%, недостигот на квалификувана работна сила со 18,4%, неизвесното економско опкружување со 14,6% и недоволната домашна побарувачка со 12,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2020, во однос на април 2020 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на мај 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2020 година изнесува 65,4% од нормалното искористување.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2020 година е намален за три процентни поени во однос на април 2020 година и изнесува 13, а во однос на мај 2019 година е намален за осум процентни поени.

Фото: Freepik