Што најмногу им треба на вработените?

28

hierarhija

Фото: Pixabay

Освен платата, постојат уште осум клучни работи што им требаат на вработените за да бидат мотивирани и инспирирани да го дадат својот максимум. Затоа секој работодавач треба да им обезбеди:

Слобода

Автономијата и слободата носат задоволство и посветеност. Слободата ја храни креативноста. Дури и во оние производствени сектори каде работата треба да биде строго контролирана, постои место за различен пристап. Секогаш кога ќе можете, обезбедете им ја на вашите вработените автономијата што им треба за да работат најдобро што можат.

Таргети

Таргетите можат да биде прилично забавни. Секој од нас е компетитивен, некој помалку некој повеќе. Тие креираат чувство на важност и даваат значење дури и на најобичните, секојдневни задачи. Без таргет кон којшто ќе се цели работата ќе биде само работа, без никаква возбуда и мотивација.

Мисија

Секој сака да се почувствува дека е дел од нешто големо. Желбата да се биде достоен на епитетите најдобар, најголем, најбрз или најквалитетен е присутна кај сите. Вработените треба да знаат кон што вашиот бизнис се стреми, односно која е вашата мисија, што сакате да постигнете и како сакате да ве запомнат.

Очекувања

Додека на секоја работа и треба доза на слобода, исто така потребни се основни очекувања според коишто ситуацијата треба да се реши. Само неколку работи се постресни од тоа да не се знае што претпоставениот очекува денес, утре, за еден месец… Кога стандардите на работењето ќе се променат треба во најбрз можен рок да ги пријавите кај вработените.

Инпут

Секој сака да понуди идеи и да даде свои мислења. Ако им го одземете тоа право на вработените ќе креирате незадоволни роботи на кои нема да им биде многу важно што ќе се случува понатаму. Затоа дозволете им да кажат што мислат. И да не биде идејата земена во предвид, секако со конкретно објаснување зошто, вработените нема да се почувствуваат изоставени туку ќе знаат дека и нивното мислење е важно.

Поврзаност

Луѓето сакаат да работат со луѓе, за луѓе. Добар збор, учтиво прашање како се чувствуваат како се нивните по дома и брза проверка дали им треба нешто… тие моменти се многу поважни и состаноците и евалуациите.

Доследност

Повеќето вработени можат да се справат со шеф кој многу бара и често критикува… се додека се однесува со секој вработен исто. Кон вработените секогаш треба бидете фер. А клучот да останете доследни на тоа е комуникацијата. Колку повеќе вработени знаат зошто е донесена таа и таа одлука, толку помалку ќе претпоставуваат дека станува збор за нефер третман.

Иднина

Секоја работна позиција треба да има потенцијал да води кон нешто повеќе, нешто поголемо, во или надвор од компанијата. Одвојте време да ги обучите своите вработени за оние позиции на коишто истите се надеваат дека еден ден ќе ги добијат, дури и ако станува збор за работа надвор од вашата компанија. Ако вие се грижите за нив и тие ќе се грижат за вашиот бизнис.