Што најмногу извезува Ирска?

66

Извозот на Ирска минатата година достигна вредност од 178,7 милијарди долари, што претставува зголемување од 4,7% во однос на 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 86,3% од извозот на Ирска беше наменет за: САД (30,1%), Белгија (11,4%), Германија (11,1%), Велика Британија (9,3%), Кина (6,3%), Холандија (5,4%)…

Ирска има пет милиони жители, па извозот по глава жител минатата година достигна 35.700 долари.

Најголем удел во извозот на Ирска од 36,8% имаат фармацевтските производи со 65,7 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозни производи се и: органски хемикалии (40,5 милијарди долари), оптичка и медицинска опрема(13,5 милијарди долари), електрична опрема (12,7 милијарди долари), компјутери (9,2 милијарди долари).

Фото: Pexels