Што не можевме да правиме со мобилните телефони пред 10 години

108

Толку станавме зависни од телефоните и интернетот, што веќе не се ни сеќаваме како изгледаше животот офлајн и без интернет. Напредокот на мобилната технологија е неверојатен и пред20-тина години ретко кој би помислил дека уредот со типки преку кој се телефонираше и праќаше смс порака толку ќе напредне.

Digital Trends направи листа на работи кои денес може, а пред 10 години не можеле да се направат со мобилниот телефон.

Мобилно плаќање

Паметниот телефон стана паричник со којшто во голем број трговски центри, кафулиња, ресторани, банкноти не се ни потребни.

Превод во реално време

Апликацијата Google Translate за Android достапна е уште од 2010 година, но голема е разликата во однос на апликацијата којашто е достапна денес. Додека на почетокот беа достапни само основни можности, Google денес може да преведува реченици во реално време.

Повикување такси преку апликација

Додека денес е нормално да се повика такси преку апликација, пред 10-тина години, такси можеше да се повика само преку телефонско јавување.

Безжично полнење на батерија

Доволно е само да се постави телефонот на посебна подлога и полнењето на батеријата започнува.

Разбирање на комплексни наредби

Благодарение на развојот на вештачката интелигенција и гласовните асистенти, телефоните и гласовните асистенти денес може да извршуваат комплексни наредби.

Контрола на паметен дом

Сè повеќе уреди во нашиот дом се паметни, од звучници, сијалици, фрижидер, клима уреди, па дури и брава. Со сите нив може да управуваме преку мобилниот телефон.

Резервација во ресторан

Опцијата што Google ја претстави минатата година, а за жал не е уште масовно раширена, е можноста за резервација на ручек или вечера, со едноставна гласовна наредба.

Играње на “тешки“ игри

Хардвердски, најсилните модели на паметни телофони денес се “ѕверови“ на коишто може да се играат видеоигри кои претходно можеа да се играат само на компјутер.

Фото: Pexels