Што очекува Гејтс од 2021 година?

82

Бил Гејтс пред неколку години ја предвиде здравствената криза во којашто се најде светот, а подоцна погоди и кој фармацевт прв ќе има вакцина против коронавирусот.

На ист начин, Гејтс сега предвидува кога ќе заврши пандемијата и кои промени ќе ги остави зад себ. Основачот на Microsoft на својот блог напиша статија со наслов: Поради овој напредок, 2021 ќе биде подобра од 2020 година, во којашто пишува за настаните од претходните години и она што може да се очекува за 2021-ва.

Наредните месеци, според Гејтс, би можеле да бидат најсмртоносни поради пандемијата, посебно поради новиот вид на вирус, којшто се појави неодамна. Превидува дека прашањата поврзани со вирусот и понатаму ќе бидат на дневен ред ширум светот, чија тема ќе доминира цела година. Проценува дека поголемиот дел од годината ќе го помине во разговор со светски лидери за Ковид-19 и климатските промени.

Добра вест за филантропот ќе биде тоа што ќе има репрезентативни промени во начинот на којшто земјите ќе спроведуваат евтини и брзи тестирања, што стандардната постапка за тестирање ќе ја направи застарена.

За Гејтс постојат две причини за оптимизам: маските, социјалното дистанцирање и другите мерки можат да го забават ширењето на вирусот и да спасат повеќе човечки животи, а втора причина е тоа што вакцините и третманот на болеста ќе достигнат размери коишто ќе имаат глобално влијание, а со тоа и животот ќе се приближува кон нормалата.

Фото: Facebook