Што открива главниот епидемиолог на Шведска?

313

Додека целиот свет е под карантин со цел да се застане на патот на ширење на пандемијата од коронавирус, Шведска има сосема поинаков пристап и стратегија.

Зад оваа либерална стратегија стои епидемиологот Андерс Тегнел од, кој за магазинот Nature, ги објаснува своите постапки.

“Мислам дека нашиот пристап е потценет во светот. Се обидуваме да ја задржиме кривата на болеста, во спротивно целиот наш здравствен систем би можел да колабира. Ова не е болест што може да се запре, барем додека не развиеме ефикасна вакцина. Мора да пронајдеме долготрајно решение. Ние работиме на поинаков начин. Шведските закони за заразни болести се базираат на доброволна основа и индивидуална одговорност. Граѓаните имаат одговорност да не ја шират заразата. Тоа е основата од којашто појдовме, бидејќи според постоечките закони немаме основа да ги затвораме градовите. Карантинот може да се одреди на помали подрачја, како што се училишта или хотели, но не можеме да затвориме цели географски подрачја“, вели тој.

Според него, долготрајниот карантин, историски гледано, не дава резултати.

“Затворањето на границите е смешно бидејќи Ковид-19 е во секоја европска земја. Поважно е да се следи движењето во рамки на Шведска. Како општество, одбравме луѓето во континуитет да ги потсетуваме луѓето да се придржуваат на заштитните мерки. Целосното затворање би било контрапродуктивно“, смета Тегнел.

Тој смета дека затворање на училиштата во овој момент не би имало смисла.

“Влегуваме во период кога ќе биде забележан раст на бројот на заболени, но така е низ цела Европа. Училиштата остануваат отворени. Затворање на училиштата во овој момент не би имало смисла. Затворањето е разумно само на почеток на епидемија. За телесното и физичкото здравје поважно е училиштата да останат отворени“, смета тој.

Фото: Pixabay