Што означуваат Michelin ѕвездите и како се доаѓа до нив?

445

Приказната со ѕвездите на Michelin започнува во 1899 година, кога Андре Мишелин го објавил првиот број на водичот – Le Guide Michelin, за да можат сопствениците на автомобили да се информираат за тоа каде можат да наточат гориво, да го поправат автомобилот, но и во кои гостилници има добра храна и пијалаци.

Неколку години подоцна, овој водич станува своевидна гурманска библија, а денес е најдобар водич на ресторани и врвни готвачи.

Овој водич има сопствен систем со којшто се вреднуваат најдобрите хотели и ресторани. Битни критериуми за оценка се: квалитет на производот, вештина за создавање мирис во кујната, оригиналност на кујната, цена (просечната цена се одредува врз основа на локални стандарди) и доследност на посетителите.

Ѕвезди добиваат ресторани со најдобра кујна, без оглед на нејзиниот вид, а ѕвездите само го оценуваат она што е сервирано, не земајќи ги предвид ентериерот, декорациите, квалитетот на услугите и поставување на масите. Стандардизацијата не постои како критериум за квалитет, туку само квалитет на различно ниво.

Една ѕвезда покажува дека ресторанот нуди добра и квалитетна храна во кујна што задоволува високи стандарди. Оние ресторани кои имаат две ѕвезди нудат одличен квалитет, а кујната се води по одлични вештини. Додека најпосакуваните три ѕвезди покажуваат исклучителен квалитет и прецизно водена кујна.

Инспекторот на Michelin го оценува ресторанот, така што доаѓа во тајност во ресторанот и следи што се случува, водејќи се од пет основни критериуми: квалитет на состојките, вештини при подготовка на храна и комбинација на зачини, стапка на креативност, постојан квалитет на храната и достапни цени.

Ресторанот може да добие од една до три ѕвезди, во зависност од условите што мора да ги исполни за да влезе во ексклузивниот круг на рангирани ресторани.

Добивањето или пак губење на ѕвезда на Michelin може да влијае на продажбата во ресторанот дури за 50%. Постојат случаи кога ресторани загубиле ѕвезда и потоа ставиле клуч на врата.

Од земјите во Европа, со ѕвездите на Michelin се опфатени: Австрија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Ирска, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.

Фото: Pixabay