Што по вакцината против Ковид-19?

44

Развојот и достапноста на вакцината против коронавирусот би можеле да го поттикнат туризмот, којшто беше силно погоден од пандемијата, но малку е веројатно дека ќе биде охрабрени потрошувачите да трошат повеќе на краток рок, покажува истражување на 5.000 анкетирани граѓани во Германија, Франција, Британија, САД и Австралија.

Им било поставено прашањето како ќе се промени нивното однесување откако вакцината против Ковид-19 ќе биде достапна за поголем број на луѓе, а мнозинството од нив се израдувале што повторно ќе можат да ги посетат своите роднини и пријатели (61%) и што ќе можат почесто да излегуваат од дома (53%).

Во Германија и Велика Британија скоро пола од испитаниците рекле дека се радуваат што ќе можат повторно да патуваат во странство, пренесува Ројтерс.

Секој втор испитаник кажал дека ќе му биде драго што веќе нема да мора да носи маска за лице, само 12% од нив рекле дека ќе сакаат на потрошат повеќе пари и помалку ќе штедат.

Во првиот бран од пандемијата, стапката на штедење во Германија е двојно зголемена на 20%, бидејќи многу Германци останале дома, а продавниците биле затворени поради карантинот.

Фото: Freepik