Што претставува SEO оптимизација?

1023

SEO претставува кратенка од search engine optimization, што значи оптимизација на пребарување. Со други зборови, тоа значи прилагодување на интернет страницата за да може пребарувачите полесна да ја пронајдат. Главната цел на оваа оптимизација е подобро позиционирање на страницата на листата на резултати од пребарување.

Секоја интернет страница тежнее кон тоа, освен по име, да биде пронајдена и по клучни зборови што се релевантни во одредена област.

SEO оптимизацијата е составен дел од онлајн или дигиталниот маркетинг, а овозможува поголем пристап до страницата, што значи поголема видливост и посетеност.

Прва работа што треба да ја имате на ум е дека успешната ЅЕО оптимизација не значи да се нафрлаат само клучни зборови. Постојат алатки што даваат увид во популарноста на одредени клучни зборови и на тој начин се доаѓа до најдобрата комбинација што може да се постави на интернет страницата.

Исто така, важна е содржинa на url адресата на страницата. Важно е во себе да го содржи избраниот клучен збор, што ќе ги зголеми шансите пребарувачот полесно да ја пронајде и високо да ја позиционира.

Се препорачува клучниот збор да се најде во насловот или краткиот вовед на текстот со цел да стане полесно видлив на пребарувачот.

Елемент што има голема важност при ЅЕО оптимизацијата е и додавање на линкови, особено се препорачува користење на интерни линкови. Тие меѓусебно поврзуваат различни содржини на истата интернет страница, па помагаат да се создаде една целина.

Фото: Pixabay