Што се фан токени

51

Фудбалска ѕвезда Лионел Меси беше платен за трансферот во францускиот прволигаш Пари Сен Жермен (ПСЖ) и со фан токени.

Меси (34) ја напушти Барселона, каде помина 21 година, а во вторникот потпиша двегодишен договор со ПСЖ со опција да го продолжи уште една година.

ПСЖ преку соопштение објави дека фан токените се вклучени во неговиот “пакет за добредојде“.

Клубот не го откри процентот на фаб токени, но додаде дека Меси ги добил во голем број.

Што се фан токени?

Фан токените се тип на криптовалута која им овозможува на сопствениците да гласаат главно за помалку важни одлуки поврзани со нивниот клуб. Меѓу клубовите кои ги лансираа токените оваа година се англискиот шампион Манчестер Сити и италијанскиот клуб Милан.

Како и биткоинот или другите дигитални валути, фан токените може да се тргуваат на берзата. Исто така, како и другите криптовалути, тие имаат тенденција да скокаат диво.

“Гласините за најновите трансфери во клубот предизвикаа зголемен интерес за фан токените на ПСЖ, со тоа што тргувањето надмина 1,2 милијарди долари во деновите пред пристигнувањето“, се наведува во соопштението на парискиот клуб.

Цената на фан токенот се зголеми од 29 долари на 44 долари една недела пред доаѓањето на Меси.