Што се фиксни трошоци?

1659

Под поимот фиксни трошоци се подразбира трошоци на стопанската организација коишто ce постојани, непроменливи без оглед на обемот на производството.

Во фиксни трошоци влегуваат: амортизацијата, интересот на инвестиционите кредити, личните доходи на административниот персонал, постојаните трошоци сврзани со постоењето на работната организација и сл.

Поинаку речено, тоа ce трошоци што работната организација мора да ги пресметува без оглед на тоа дали работи со целосен или со смален капацитет. Кога расте обемот на производството, опаѓаат фиксните трошоци на единица производ, и обратно.

Токму поради тоа, тие имаат големо значење во формирањето на цената на чинењето, како и за големината на профитот односно доходот. На долг рок фиксните трошоци стануваат варијабилни.