Што сè може да направи вештачката интелигенција?

65

Сè повеќе сме опкружени со уреди опремени со вештачка интелигенција (ВИ). Но, дали знаеме колку е истата моќна и што сè може да направи?

Да чита

Без разлика за што станува збор, постови, линкови од веб страни, книги, мејлови, легални документи и слично, вештачката интелигенција може да ги прочита.

Да пишува

Големи медиумски имиња како New York Times, Washington Post, Reuters дозволуваат вештачка интелигенција да пишува за нив и тоа не само факти, туку се случува и да креира и креативни текстови.

Да гледа и анализира

ВИ има способност да гледа, анализира визуелни податоци и да донесе одлука во врска со тоа. На овој начин возат самоуправувачките автомобили, функционира детекцијата на лице, може да се плаќа и слично.

Да слуша и разбира

Оваа моќна технологија може да детектира истрели од оружје, да го анализира звукот, па дури и да ги извести релевантните институции.

Да зборува

ВИ може, исто така, и да зборува. Одредени уреди користат вештачка интелигенција за да закажат состаноци и за завршат одредени задачи преку телефон без да забележите дека станува збор за машина.

Освен овие работи, вештачката интелигенција може и да осети миризба, да распознава преку допир, да се движи, да разбира емоции, да игра игри, да дебатира, да креира и да ги чита вашите мисли.

Фото: Pexels