Што се случува зад вратите на фабриките за облека во Бангладеш?

26

b12

Бројката на загинати работници во фабриката за производство на облека што се урна во април во Дака, Бангладеш надмина 1.000. Ова е една од најголемите несреќи во историјата на Бангладеш, но за жал, не е прва. Ваквите катастрофи стануваат се почести, а во меѓувреме, условите за работа и платата што ја добиваат работниците во овие фабрики се меѓу најлошите во светот.

bangladesh factory collapse

Бангладеш е втор по големина извозник на облека во светот, делумно затоа што компаниите го преселија производството таму за да ги искористат предностите на шокантно ниските плати и најслабите регулативи во светот. Многу американски и европски трговци на мало увезуваат облека од Бангладеш, вклучувајќи ги и најпопуларните брендови како што се H&M, Gap, Зара и Бенетон.

b11

Но, се додека се важни само бројките и договорите, а не оние што подгрбавени со иглата во рака работат во мизерни услови, еве што се случува во фабриките во Бангладеш:

b7

Скоро 80% од извозот на Бангладеш отпаѓа на индустријата за производство на облека. Минатата година е извезена облека во вредност од 20 милијарди долари.

Women work at a garment factory in SavarВо фабриките една смена обично трае од 10 до 12 часа, а просечната плата во оваа индустрија е околу 38 долари месечно, иако повеќето добиваат само по 19 – 26 долари.

factory

Стотици работници работат во мали простории во пренатрупаните фабрики за сопствениците да заштедат на плаќање наем.

b10

Бангладеш има закони за работни односи на хартија, но во пракса не се почитуваат. Во фабриките работат и многу малолетници, деца под 14 години.

b13

Во индустријата за производство на облека работат околу четири милиони луѓе во 4.500 фабрики. Околу 80% од работниците се жени.

b8

Редарите во фабриките понекогаш ги заклучуваат вратите за да не можат работниците да си заминат пред да им заврши смената.

b9

b6

Најголем проблем во овие фабрики се пожарите и заклучените врати. Минатата година во различни пожари во неколку фабрики загинаа 112 работници.

b2

Неколку купци на облека побараа од власта на Бангладеш да ја покачи минималната плата, но сопствениците на фабриките се жалат дека не можат да се борат против конкуренцијата во Кина, Виетнам и другите држави. По големата катастрофа во април, власта сепак попушти на притисокот на меѓународната заедница и реши да им одобри на работниците да организираат свои синдикати во фабриките за производство на облека, без да бараат одобрение од сопствениците. Владата воедно објави и план за зголемување на минималната плата во рок од три месеци.

A clothes tag lies in the rubble of a garments factory that collapsed in Savar near Dhaka, Bangladesh, Saturday, May 5, 2013.