Што сега облекуваат и купуваат деловните луѓе

80

Јасно е дека по пандемијата скоро ништо нема да биде исто, па ни модниот бизнис. Многу луѓе ќе продолжат да работат од дома, па костумите и чевлите ќе ги заменат за тренерки, хеланки и патики.

Пандемијата сè уште трае, а ние непрекинато ги чувствуваме нејзините последици. Тие се однесуваат на сите сегменти од нашите животи, а освен на здравјето, ги забележуваме и на работата. Се поставуваат прашањата како ќе продолжиме понатака, како ќе изгледа работата по коронавирусот, дали ќе ги имаме истите деловни навики?

Се менуваат и потрошувачките навики, во Велика Британија онлајн продажбата на тренерки скокнала 322%. Модната онлајн продавница Bohoo соопшти дека овој април, за разлика од претходните години, забележана е зголемена продажба на “облека за дома“. Тоа се дуксери, тренерки, хеланки. Со оглед на тоа што многу компании ја разгледуваат можноста за продолжување на работата од далечина, сосема е извесно дека побарувачката за удобна гардероба да расте.

Медиумите деновиве пишуваа и за уредничката на Vogue, Ана Винтур, која излезе од својата елегантна комбинација, а сликата на којашто таа седи во тренерки на работното биро во тренерки стана вирална.

Експертите велат дека сето ова е сосема нормално, со оглед на тоа што луѓето сега работат од својот дом, којшто секако не го доживуваат како канцеларија и важно им е да им биде удобно.

Oнлајн продавниците за гардероба како Asos и Missguided сега најмногу рекламираат удобна гардероба, додека претходните години овој период во фокус беа пролетните фустани.

Британците минатата година овој период потрошиле повеќе од милијарда фунти на гардероба за излегување и околу 855 милиони фунти за работи потребни за одмор, но оваа година сликата е поинаква.

Фото: Instagram