Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, на 15 април во Штип го одржа вториот настан од Програмата за претприемачи (Размена на искуства) во Источниот регион. Настанот беше на тема Бизнис планирање и буџетирање, а гости говорници беа г. Јове Тодоровски, сопственик на Конгресен Сервисен Центар (КСЦ), г. Неби Јусуфи и г. Селајдин Идризи, ЕСА Тетово, Агенција за поддршка на претпријатија.
Во отворена дискусија, говорниците го споделија своето искуство и дискутираа за најчестите митови и недоразбирања во врска со потребата од планирање. Споделија неколку концепти за темите што секој бизнис план треба да ги содржи, ја објаснија генералната содржина на секој бизнис план и споделија алатка за едноставен модел на бизнис план, кој секој претприемач може лесно и ефикасно да го користи.
Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија има за цел да го поттикне развојот на претприемачите и нивните претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извоз, промоција и инвестиции.