Што треба да знаете за херпесите

37

usta

Фото: Pixabay

Херпесите најчесто се предизвикани од локална вирусна инфекција, а изгледаат како отечени ранички на аголот или на самиот раб на усните, исполнети со течност. По одредено време тие пукаат, се навлажнуваат и се формира жолта краста, која по пет до седум дена паѓа, а раната заздравува.

Првите симптоми можат да се јават два до 20 дена откако ќе бидете изложени на вирусот, а ден два пред да се појави херпесот на местото се чувствува чешање и пецкање. Истражувањата покажуваат дека околу 90% од возрасната популација во одреден момент биле изложени на вирусот herpes simpleks 1.

Причина за активирање на вирусот е најчесто стрес, но тоа може да биде и настинка, хронична болест и слично. Исто така, може да се појави и кога се менуваат две годишни времиња.

Херпесот најчесто поминува сам по себе, без посебно лечење. Симптомите можат да се ублажат со креми што ладат (на база на ментол) или со антивирусни препарати. Помага и пудра против мали сипаници и паста од цинк кои што ја сушат и смируваат кожата.

Во ниеден случај херпесот не смее да се допира, чеша или стиска, а рацете треба да се мијат често и темелно. Доколку херпесите се појавуваат повеќе од пет пати во годината или ако траат повеќе од недела дена, треба да посетите лекар.

Во случај херпесот да се рашири/расцвета, советувајте се со дерматолог поради можна бактериска инфекција која бара итно лечење.