Медот е една од најздравите намирници во светот. Познат е по својот сладок вкус, но и лековитите својства. Помага во многу ситуации и ублажува разни здравствени проблеми. Но, што точно знаеме за него?
Најстарите пишани докази за употреба на медот се претпоставува дека се од Египќаните и датираат од 5500 година п.н.е.
Медот во митологијата се поврзувал со нектар и амброзија, небесна роса што течела од небесните предели и ги богатела боговите.
Тој важи за храна што не се расипува. Во 1800 година во Египет архелозите пронашле огромна тегла со мед чијшто вкус бил совршен без разлика на тоа што поминале илјадници години.
Медот е единствената храна што ги содржи сите состојки што се потребни за живот – ензими, витамини и минерали. Но, сепак не е доволно храната на човекот да се базира само на мед.
Помага во варењето на храната, што пак придонесува имунолошкиот систем да работи како што треба.
Тој е единствена намирница што содржи пиноцебрин, антиксиданс поврзан со подобрено функционирање на мозокот.
Еден просечен пчеларник годишно може да произведе од 13 до 45 килограми мед.
Една продуктивна колонија пчели прави два до три пати повеќе мед отколку што и е протребно да ја преживее зимата.
Мексиканската оса исто така произведува мед во големи количини. Но, овој мед може да биде и отровен поради тоа што осите “посетуваат“ и отровни растенија.