Што треба да знаете за успешна продажба?

28

pazar

Фото: Pexels

Продажбата е повеќе уметност отколку наука. Креативноста, доследноста и искреноста во голема мера ја обликуваат вашата презентација и носат позитивни поени.

Понесете ги тие карактеристики со вас и дознајте како да ја направите продажбата успешна.

Запознајте го клиентот

Добро истражете што навистина сака клиентот, што му/и треба, како полесно да комуницирате со него/неа… Сите луѓе се различни, затоа скројте ја презентацијата според мерката на потенцијалниот купувач.

Ако самите не сте убедени, нема да продадете

Ако вие не верувате во квалитетот на производот или услугата што ја нудите, веројатноста дека ќе успеете да продадете нешто е минимална. Клиентот умее да го “прочита” вашето мислење.

Бидете директни и јасни

Не комплицирајте. Кажете, односно објаснете сè што треба на јасен и едноставен начин, без заобиколувања. Најголемиот проблем во продажбата е кога клиентот не знае што точно му се нуди. Збунетоста не може да донесе позитивен одговор.

Презентацијата е клучна

Подгответе одлична презентација, запомнете ја добро и бидете подготвени да го пренасочите фокусот според менувањето на енергијата за време на истата.

Страста не смее да изостане

Најголемиот дел од презентациите се здодевни. Затоа направете ја вашата поинаква, возбудлива, непредвидлива… и заинтересираноста значително ќе се зголеми.

Ако не го знаете одговорот, не погодувајте

Ќе ви бидат поставени тешки, збунувачки прашања на коишто нема да го знаете одговорот. Може тоа ќе биде трик, а личноста што прашува ќе сака само да ве тестира. Затоа, не погодувајте. Тоа само ќе ви го намали кредибилитетот.

Давајте вистински одговори

Не се обидувајте да дадете “политички” одговор. Она што треба да го одговорите нека биде кратко и јасно, во спротивно ќе си ги намалите шансите за продажба.