Што води до успех среде криза? Прифатете ги овие вештини и 2022 година е ваша

265

Гледајќи наназад, оваа година можеби не успеа, бидејќи очекувавме да заврши пандемијата, да нема повеќе заклучувања, блокади, откажани летови, ширење на нови видови и што е најважно, загрозување на здравјето на луѓето. Сепак, факт е изминатата, како и 2020 година, бизнисот претрпе во различни сфери: почнувајќи од автомобилската индустрија и секоја друга поврзана област, поради недостигот на чипови, преку туризмот и услужните активности, до стагнација во големите компании ( на пр. технолошки, финансиски).

Состојбата е разновидна; некои работни места се во својот зенит, некои се пред колапс, а некои се „нишаат“, чекајќи подобра бизнис клима и крај на кризата. Но, едно е сигурно, секому му е потребно усовршување.

Вештините во продолжение се всушност збир на квалитети препорачани од академски студии, деловни списанија, мрежи на LinkedIn, анкети за кариера – и кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот бизнис и односот со вработените и соработниците.

Вештините „вредни злато“, кои менаџерите треба да ги усвојат за поуспешна 2022 година.

Комуникација

Стара колку и човештвото, комуникацијата е клучна за добро функционирање секаде, со секого и во секое време. Но, не секоја комуникација е конструктивна. Императив е вработените и менаџерите да можат да се слушаат меѓусебно, како и соработниците, клиентите, подредените и претпоставените, а потоа соодветно да реагираат. Ова значи менување на вашиот стил во согласност со вашата публика, како и можност да го споделите вашиот став кохерентно и убедливо.

Harvard Business Review (HBR) ја нагласува оваа вештина како особено важна за секој што работи од далечина.

Покажување почит

Почитувањето треба да биде во сржта на секој однос, без разлика на хиерархијата во фирмата. Според истражувањето на Glassdoor, непочитувањето е најчесто споменуваниот проблем меѓу менаџерите: имено, 43% од испитаниците изјавиле дека имаат шеф кој не почитува ништо. Кога вработените не се чувствуваат почитувани, помала е веројатноста да зборуваат на состаноци или да споделуваат идеи, што го зголемува стресот на работното место.

Моќта на убедување

Ова е особено важно за менаџерите, според LinkedIn, и нешто што регрутерите треба да го бараат кај кандидатите. Што и да правите, особено во областа на трговијата, за да ја унапредите кариерата – треба да ја подобрите вашата способност за ефективно презентирање на идеи.

Отвореност и искрени повратни информации

Ова не мора да значи дека сте достапни во секое време во текот на денот, туку дека сте отворени да слушнете за проблеми, грешки и други предизвици на работното место, како и да одговорите на фер и непристрасен начин. Според The ​​Predictive Index, 80% од вработените мислат дека можат да му пристапат на својот шеф со проблем, што е добро. Сепак, само 67 отсто веруваат дека „имаат право“ на грешка, без менаџерот да им замери. Исто така, во однос на искреноста и комуникацијата, давање искрен фидбек е важна вештина која вклучува разбирање на позициите на вработените, нивните таленти и потреби.

Одлучност

Одлучноста можеби сама по себе не изгледа како „вештина“, но е важна  т.н мека вештина, која влева доверба. Многу луѓе веруваат дека одлучноста значи да се биде способен да донесува брзи одлуки и да се држи до нив. Иако брзината е од витално значење понекогаш, вистинската вештина е да знаете кога и како да ги побарате информациите што ви се потребни и да донесете правилни одлуки.

Креативност

Негувањето на работна средина што ја поттикнува креативноста е важна вештина за луѓето и лидерството. Се враќаме на довербата и комуникацијата: тоа исто така значи да им се даде време на вработените да размислуваат и, можеби, да отфрлат некои идеи, да се поттикне хуморот, што им помага на луѓето да влезат во порелаксирано во работата. Важно е да се размислува „надвор од кутијата“.