Автомобилите за некого се само превозно средство, а за други статусен симбол. Некои од најбогатите луѓе во светот, кои располагаат со огромно богатство, се прилично скромни кога станува збор за нивниот возен парк.
Џеф Безос
Најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос е забележан како вози Honda Accord од 2013-та година, пишува Business Insider. Но, добро е да се спомене дека основачот на Amazon е сопственик на приватен авион од 65 милиони долари.
Марк Цукерберг
Основачот на Facebook, иако има огромно богатство, изгледа не ужива да троши многу пари на скапи автомобили. Тој бил забележан како се вози во неколку автомобили: Acura TSX, Volkswagen и Honda Fit, чија вкупна вредност не надминува 30.000 долари.
Илон Маск
Бидејќи Tesla е во негова сопственост, тогаш изборот на Маск е повеќе од очигледен. Тој вози Tesla Model S, чија цена е околу 90.000 долари. Во неговиот возен парк има и Ford Model T и Jaguar E-Type Series 1 Roadster. Како најимпресивен автомобил може да се издвои Lotus Esprit од 1976 година што е користена за снимањето на филмот за Џејмс Бонд – The Spy Who Loved Me, што го купи на аукција за 997.000 долари.
Бил Гејтс
Неодамна пишувавме дека основачот на Microsoft, Бил Гејтс си купил електричен Porsche Taycan, чија цена надминува 100.000 долари. Тој не крие дека е еден од најпознатите љубители на Porsche. Во неговата колекција е и легендарниот Porsche 959.
Џек Ма
Основачот на Alibaba, исто така, е еден од најбогатите луѓе во светот. Но, не сака своето богатство да го троши на скапи миленици на четири тркала. Тој возил ROewe RX5 SUV, чија цена е околу 15.000 долари.
Лари Пејџ и Сергеј Брин
Основачите на Google, исто така, се меѓу 10-те најбогати луѓе на планетата. Кога станува збор за нивен избор на автомобил, двајцата имаат ист вкус, бидејќи возат Toyota Prius.
Ричард Брансон
Првиот човек на Virgin Group, Брансон вели дека поголемиот дел од време го поминува во својот приватен авион, но ако треба да патува со автомобил, тогаш го користи Range Rover-от, кој го добива на подарок од самиот автомобилски бренд.
Фото: Pexels