Какви автомобили возат најпознатите милијардери во светот? Секој со својот вкус и желби, од скромни фамилијарни возила до екстра луксузни автомобили.
Основачот на Google Ерик Шмит вози навистина скромен автомобил и покрај тоа што тежи милијарди – Toyota Prius, кој чини 11.000 долари.
Мајкл Дел, основачот на Dell Inc., чие богатство се проценува на 15,5 милјарди долари, го поседува овој Porsche Boxster модел од 2004 година, кој чини 20.000 долари.
Младиот милијардер Марк Зукерберг вози црна Acura TSX од 30.000 долари. Очигледно основачот на Facebook не сака многу да троши на скапи автомобили.
Лорина Пауел Џобс, вдовицата на легендарниот основач на Apple Стив Џобс, поседува Audi A5 кое чини 37.000 долари.
Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе во светот, е горд сопственик на Cadillac DTS од 45.000 долари.
Градоначалниот на Њујорк Мајкл Блумберг, кој е и успешен бизнисмен вози Audi R8. Овој спортски автомобил чини 120.000 долари.
Принцот Алвалид Бин Талал Алсуд, најбогатиот човек на Блискиот Исток, е сопственик на супер луксузниот Rolls-Royce Phantom, со цена од 246.000 долари.
Карлос Слим Хелу е моментално најбогатиот човек во светот според Forbes. Мексиканскиот телекомуникациски гигант, кој поседува огромно богатство, вози Bentley Continental Flying Spur чија цена е 300.000 долари.
Основачот на Oracle, Лери Елисон, е познат колекционер на автомобили. Меѓу нив е и овој луксузен McLaren F1 кој чини неверојатни 4,1 милиони долари.