Почетна Бизнис едукација Што значи терминот црн лебед?

Што значи терминот црн лебед?

695

Сите имаме слушнато за “црна овца“ како метафора за личност која не се вклопува во масата и околинaта или се издвојува од општеството. Но, дали знаете што значи терминот “црн лебед“?

Црн лебед е метафора за појава или настани кои се неверојатни и непредвидливи и кои може да нè изненадат позитивно или негативно.

Овој термин најмногу се употребува на финансискиот пазар заради заштита од загуби, финансиско предвидување, правење стратегија и план, прогнозирање на трендовите, проценка на ризик, итн.

Економистите сега расправаат за тоа колку ќе бидат далекусежни последици по економијата од вирусот корона, пишува Deutsche Welle.

Сè повеќе се прават споредби со глобалната финансиска криза во 2008 година, кога пропаѓањето на една од водечките американски банки со 150-годишна традиција беше целосно неочекувано и последиците од банкротот на Lehman Brothers беа далекусежни.

Во тоа време, катастрофата доаѓаше од финансиските пазари и влијаеше на реалната економија, а денес е обратно – затворањето на компании, укинување на линиите во воздушниот сообраќај и изолацијата на милионски градови предизвикуваат пад на реалната економија.

Фото: Pixabay