Што значи заштитниот фактор за безбедно сончање?

442

soncanje-pixabay

Фото: Pixabay

Во текот на летниот период вообичаено е долготрајно изложување на сончеви зраци, а кожата многу лесно го бележи штетното влијание на сонцето.

Што претставува SPF?

Сите производи за сончање имаат наведен заштитен фактор (SPF – фактор за заштита од сонце). SPF е мерка на способност на кремот да ја заштити кожата од сончевите зраци, а оние кои имаат фактор на заштита повисок од 15 се поефикасни.  Доколку кожата поцрвени по 20 минути изложување на сонце, факторот 15 значи дека на кожата ќе ѝ бидат потребни 15 пати повеќе време за да поцрвени со овој заштитен фактор.

UVA и UVB зраци

UVA и UVB ултравиолетовите зраци влијаат врз кожата, а со тоа и врз здравјето на луѓето. UVA зраците го забрзуваат стареењето на кожата, ја оштетуваат еластичноста и го зголемуваат ризикот од појава на рак на кожата. UVB зраците предизвикуваат изгореници и црвенила на кожата.

Светол vs темен тен

Поголемиот број луѓе со светол тен може да издржат од 10 до 15 минути директно на сонце без заштитен фактор 15, а со крема со заштитен фактор се заштитени два ипол часа. Доколку имате потемен тен, со нанесен крем со заштитен фактор 15 може да издржите околу четири часа, но сепак се препорачува почесто нанесување на крем со заштитен фактор.

Кога и колку крема треба да се нанесе?

Првиот ден на плажа треба да бидете највнимателни и на вашата кожа да нанесете поголема количина на крем со заштитен фактор. Веќе следните денови можете полека да ја намалувате количината. Нанесувањето на кремот со заштитен фактор треба да го направите половина час пред изложување на сонце, за да може кожата да ги впие потребните состојки. Препорачливо е на секои два часа да нанесувате крем, како и по секое излегување од вода, бришење со пешкир или прекумерно потење.