Штрајк на работниците во Amazon во Италија

76

Работниците на Amazon во Италија организираа штрајк поради претерано работно оптоварување, барајќи од американската групација да обезбеди подобри услови за сите работници во логистичките центри.

Синдикатот проценува дека системот за достава на Amazon се потпира на 40.000 работници, вклучувајќи ги и оние во логистичките подружници кои вработуваат повеќе од 9.500 постојано вработени лица во Италија. Штрајкот е организиран во период кога раст електронската трговија.

Синдикатот бара построги правила за оптоварување на работа и смена на возачи кои дневно доставуваат од 180 до 200 пакети.

Откако пред 10 години стигна во Италија, американската компанија отвори повеќе од 40 логистички центри, поттикна силна побарувачка во земјата којашто во тој сегмент инаку заостанува зад останатите земји членки на Европската унија.

Минатата недела Amazon објави дека ќе инвестира 120 милиони евра во нов дистрибутивен центар во близина на Бергамо, во којшто за три години ќе бидат постојано вработени околу 900 лица.

Од 2010 година компанијата во Италија инвестираше 5,8 милијарди евра, а лани оствари промет од 4,5 милијарди евра.

Фото: Pixabay