Штрајк на вработените во Amazon во Германија

27

Работниците на Amazon во складиштата во Германија заминуваат во штрајк, којшто би можел да направи проблем во обработка на нарачките за Црниот петок.

Новиот штрајк е планиран за понеделник навечер и би требало да трае до доцна во вторник. Во штрајкот минатата недела, кој траел од четврток до сабота, учествувале повеќе од 500 работници.

Организаторите на штрајкот се надеваат дека на овој начин ќе ја принудат компанијата да ги прифати колективните договори како што се применуваат за вработени во трговија во други компании.

Портпаролот на Amazon рекол дека минатиот месец компанијата на вработените им понудила “одлична“ плата со погодности и услови за работа што се споредливи со останатите големи работодавачи.

Американскиот онлајн гигант има пораст на продажбата, бидејќи пандемијата ги принуди потрошувачите да купуваат преку интернет.

Фото: Facebook