Во Грција беа организирани бројни штрајкови и демонстрации на коишто се насобраа илјадници луѓе за да го изразат своето незадоволство од спорниот нацрт закон за работа.
Градскиот превоз во Атина и сообраќајот со траекти кон грчките острови беше во прекин 24 часа. И некои јавни служби не работеле за да може да протестираат против тој нацрт закон што треба да го зголеми флексибилното работно време и да го ограничи правото на штрајк.
Над 7.000 лица учествувале во протестната поворка во Атина, а во текот на вечерта околу 8.000 демонстранти се собрале пред зградата на парламентот.
Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис оценува дека реформата е прилагодена на земјата со европски прописи и носи поголема “ транспарентност“ на синдикалните процеси.
Според него, во овој момент секој четврти работник не е пријавен. Владата тврди дека реформата ќе овозможи пофлексибилно работно време што ќе одобри 10-часовен работен ден, ќе бидат воведени правила за работа од далечина, ќе се подобри превенцијата на половото вознемирување на работното место и услови за родителско отсуство.
Минатата недела околу 16.000 лица учествувале во собирите што во Атина ги организирале синдикати и опозициски партии.
Фото: Pexels











