
Ако тоа е решението, Хрватска е подготвена да ја купи Нафтената индустрија на Србија (НИС), а нашата рака е подадена, изјави хрватскиот министер за економија Анте Шушњар, коментирајќи го воведувањето на американските санкции врз НИС.
Како што рече, иако Јанаф доби лиценца од американска страна за снабдување со нафта на НИС до 15 октомври, самата компанија не доби лиценца за истиот период.
„Моите информации велат дека транспортиравме сè што беше во терминалите и цевководот на Јанаф, што значи дека повеќе нема транспорт на нафта до Србија“, рече хрватскиот министер, пренесува Jutarnji.hr.
Тој додаде дека Јанаф постојано работи на диверзификација на својот бизнис, па затоа ќе се обиде да го компензира „изгубениот профит“ од другите страни.
Фото: Pexels