Швајцарците против ограничување на менаџерските плати

21

swissШвајцарците на референдум со 66% гласови вчера го отфрлија предлогот да се ограничат највисоките плати на менаџерите и директорите на најмногу 12 пати од најниската плата во компанијата.

Идејата на иницијативата “1:12 за фер плати” беше дека никој месечно не смее да заработува повеќе од нечија годишна плата.

Владата одлучно се противеше на овој предлог, затоа што би можеле да се намалат фискалните приходи на земјата и странските компании би можеле да ја напуштат Швајцарија. Големите компании исто така покренаа голема маркетиншка кампања, во која нагласуваа дека прифаќањето на иницијативата би предизвикало одлив на капиталот од земјата.

Колку за илустрација, извршниот директор на фармацевтскиот гигант Roche има 236 пати повисока плата од минималната во компанијата. Во Nestle разликата е 1:73, а во Novartis 1:266. Во Credit Suisse во 2010 година, сред финансиската криза, директорот заработи 72 милиони евра, што е 1.812 пати повеќе од најслабо платениот работник во банката.