Швајцарија блокира милијарда долари од арапските диктатори

42

Швајцарија замрзна скоро една милијарда швајцарски франци, односно нешто повеќе од една милијарда долари украдени средства поврзани со диктаторите во четири земји што беа во центарот на Арапската пролет – Египет, Либија, Сирија и Тунис, соопшти швајцарското министерство за надворешни работи.

“Швајцарските власти соработуваат со правосудствата на Тунис и Египет за да го забрзаат враќањето на тие средства, но би можело процесот да трае со години”, изјави одговорниот за меѓународно право во министерството, Валентин Зелвегер.

“Најголемиот дел од блокираните средства, 700 милиони франци е поврзана со поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак и неговите соработници”, додава Зелвегер.

Блокирани се околу 60 милиони франци поврзани со поранешниот претседател на Тунис, Бен Али и по 100 милиони франци поврзани со сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговите соработници и со убиениот либиски челник Моамер Гадафи.