Швајцарија ги укинува државните резерви на кафе

23

Фото: Pixabay

Швајцарија планира да ги укине државните резерви на кафе, што ги чува веќе со децении, откако донесе одлука според која кафето не е од витално значење на опстанокот на луѓето, пишува Reuters.

Според законот во Швајцарија, познатиот производител на инстант кафето Nescafe, Nestle и другите увозници, пржилници и трговци на мало, мора да чуваат вреќи со сирово кафе.

Обврските за складирање на кафе ќе престанат до крајот на 2022 година, по што компаниите ќе може да ги намалат резервите што ги чуваат во нивните магацини.

Инаку, земјата во своите резерви чува и други продукти, како што се: шеќер, ориз, масло за јадење и храна за животни.

Овој систем за итни резерви беше воспоставен меѓу двете Светски војни, бидејќи Швајцарија се подготвуваше за потенцијален недостиг на намирници во случај на војна, природна катастрофа или епидемии.