Швајцарија ја укинува банкарската тајна за странци

22

bankarska tajna

Странците кои имаат свои сметки во швајцарски банки наскоро нема да можат да го сокријат износот со којшто располагаат, пишува Swiss info.ch.

Оваа одлука, која наиде на одобрување од швајцарските власти, е наречена “скромен погреб на даночните тајни“.

Одлуката, што ја потпиша швајцарскиот Сенат, подразбира слободен проток на информации за клиентите во земјите членки на Европската Унија и Австралија. Со нив Швајцарија има потпишано договори за автоматско споделување на информации. Сличен договор за автоматско споделување на информации Швајцарија потпиша и со САД.